Договорните страни можат да го откажат договорот за вработување со отказен и во случаи определени со закон, без отказен рок. Отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма.

Работодавачот може да го откаже договорот за вработување само доколку постои основана причина за отказ. Доколку постои, според член 72 од Законот за работни односи работодавачот е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот.

Според член 77 од истиот закон, како неосновани причини за откажување на договорот за вработување се следниве:

  • членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласнот со закон и колективен договор
  • поднесување на тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на
  • договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи
  • одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство и нега на член на семејството
  • користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор
  • отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба
  • други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон