Заводот за статистика на Европската унија, Еуростат, објави дека, според брзите проценки, годишната стапка на инфлација на Еврозоната ќе се зголеми на 3 проценти во август, наспроти 2,2 проценти во јули.

Гледајќи ги главните компоненти кои влијаат на инфлацијата во еврозоната, се очекува енергетскиот сектор да има највисока годишна стапка од 15,4 проценти, во споредба со јули кога инфлацијата беше 14,3 проценти.

Потоа следуваат неенергетски индустриски производи со годишна стапка од 2,7 проценти (во јули изнесуваше 0,17 проценти), потоа алкохол, тутун и храна со годишна стапка од 2 проценти и услуги со стапка од 1,1 проценти.