167 сообраќаjни прекршоци во Скопје, 58 санкции за брзо возење, 14 без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, 5 за управување под дејство на алкохол, 4 за користење мобилен телефон, седум за некористиње на сигурносен појас, пет за минување на црвено светло, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 51 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ИЗВОРМинистерство за внатрешни работи
претходниот член,Стапката на инфлација во Еврозоната го достигна својот врв во август годинава
Следната статијаКина го прогласи прекувременото работење за нелегално, стого се забранува 12 часовна работа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде