Припаѓа на семејството на зелка и е едно од најлековитите растенија. Многу истражувања докажале дека е одличен во борбата против ракот на дојката, дебелото црево, белите дробови, јајниците и мочниот меур.

Оваа моќ му ја даваат антиоксидансите, со кои карфиолот може да се пофали во голем број во својот состав.

Покрај антиоксиданси, карфиолот е многу богат и со витамин Ц, а овие две композиции во комбинација ја спречуваат појавата на рак.

Бидејќи се добива од вкрстени сорти, а потекнува од зелка – поради корисни состојки ја нарекуваат и „образована зелка“.

10 причини да внесете карфиол во исхраната
  • Карфиолот е зеленчук кој не содржи масти и натриум.
  • Редовното консумирање карфиол го намалува ризикот од рак.
  • Овој зеленчук содржи витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б9, минерали и корисни фитохемикалии. Тој е добар извор на влакна, протеини, фосфор, калиум и има висока содржина на витамин Ц.
  • Карфиолот содржи калиум, минерал кој е многу важен за развојот на коските и мускулите.
  • Покрај тоа, овој зеленчук содржи и изотиоцијанати, кои го спречуваат развојот на клетките на ракот.
  • Редовното консумирање на карфиол спречува оштетување на организмот поради дејството на слободните радикали бидејќи содржи моќни антиоксиданси.
  • Карфиолот превентивно делува при појава на кардиоваскуларни заболувања и рак. Содржи и многу витамин К и омега-3 масни киселини, кои го намалуваат воспалението.