Нарцисоидно гранично пореметување на личноста е комплексно пореметување кое се манифестира низ долга низа карактеристики. Во повеќето случаи, личноста може да манифестира дел од облици на однесување, поради што лаиците или обичните луѓе често не можат да бидат сигурни дека станува збор за личност за гранично пореметување на личноста.

Сепак, најлесен тест согласно кој може да утврдите дека си имате работа со личност со гранчно пореметување е инфантилност, неподготвеност да се прифати одговорност за сопствените постапки, искривување на реалноста, лажење, монотони социјални релации (нарцисот обично има една жртва или „извор“ врз кој го ја заснова својата слика), разидување помеѓу зборовите и делата и социјална слика која не ги следи поединечните акти на личноста.

Нарцисоидните личности имаат претерано голема потреба да ја градат перцепцијата на другите за себе и во суштина имаат ниска самодоверба поради што мислењето на другите луѓе за нив им е исклучително важно.

Тие го поминуваат скоро целиот свој живот во градење на слика за себе која е многу поголема од нивното реално јас. Личности кои имаат нарцисоидно пореметување на личноста сметаат дека другите на нив гледаат низ призма на завист, љубомора и непријателство бидејќи тие имаат некои специјални карактеристики и таленти. Во суштина оваа убедување е присутно само во впечатокот на нарцисот. Нарцисите се личности од кои во детството се очекувало многу, но тие немале доволно талент да понудат, ниту посебна натпросечна вештина поради која останале осакатени во нивната самодоверба да одговорат на барањето на „абициозниот родител“ или амбициозната социјална средина. Доколку сте се сретнале со нарцисот и сте оствариле некој контакт сигурно ви е јасно за каков профил на личност станува збор. А во продолжение ви споделуваме неколку важни насоки како да се „справите“ со вашиот нарцис.


  •  Тој / таа не е жртва

Имајте на ум дека нарцисот никогаш не е жртва. Напротив прави илузија во однос на својата положба во однос на друг со цел да не прифати одговорност за своите насилнички постапки. Ако слушнете дека некоја личност постојано се жали и се става самата себе во позиција на жртва иако од објективните околности вие тоа не можете здраворазумски да го заклучите и утврдите знајте дека личноста која ви се обраќа не е ничија жртва и дека доколку се задржите во нејзина близина најверојатно вие ќе бидете нејзина следна жртва.

  • Се што зборува земете го со резерва и сомневајте се во секој збор

Тоа што го зборува нарцисот секогаш земајте го со резерва и со сомнеж. Доколку имате можност да ја проверите нивната приказна, направете го тоа и уверете се самите во веродостојноста на нивната приказна. Доколку сепак не можете да дојдете до факти и да ја утврдите нивната страна од приказната, знајте дека најголема е веројатноста вистината да е сосема спротивна од таква каква што нарцисот ја прикажува. Изворот на проверка секогаш нека ви биде некоја трета, независна личност, а не некоја личност блиска до нарцисот или самиот тој.

  • Нарцисот ги интерпретира дури и фактите 

Нарцисот се смета за субјект на вистината. Тој има сосема искривена перцепција за реалноста и обично сите се збунети од начинот на кој нарцисот перципира. Нарцисот смета дека тоа што другите се збунети него го става во предност, во суштина скоро секогаш другите луѓе се свесни дека со нарцисот нешто не е во ред и дека неговиот однос кон реалноста е проблематичен. Нарцисот е склон да лаже и тоа другите лесно го забележуваат. Кон нарцисот другите луѓе со однесуваат со претпазливост затоа што се свесни дека имаат работа со „болна“ личност, а не затоа што, како што самиот нарцис смета, тој е супериорен во споредба со сите други.

  • Нарцисот е несигурен и предвидлив 

Однесувањето на нарцисот скоро секогаш е предвидливо, доволно е да употребите обратна психологија. Она што нарцисот го истакнува транспарентно е обратното од тоа што тој го сака. На пример доколку користи уцена или закана, предизвикајте го да ја реализира и ќе видите дека тој не е подготвен да ја реализира заканата всушност сака кај вас да предизвика страв поради понатамошна контрола на ситуацијата.

  • Поставете цврсти граници 

Најдобро е доколку можете со нарцисот да ги отстраните сите канали на комуникација и да го следите правилото на „нулта“ комуникација. Но доколку во одредени ситуации тоа не е можно, ако на пример се работи за вашиот шеф на работа, тогаш одговарајте кратко, јасно, не навлегувајте во докажувања и по ниту една цена не давајте емоционална реакција. На тој начин ќе останете неинтересни за нарцисот и тој ќе ја побара својата следна жртва.

  • На нарцисот не му е важна вистината туку контролата

Не се обидувајте да му докажувате ништо на нарцисот, тој не ја сака вистината само сака да ве држи во континуитет во комуникација со него. Сетете се дека нарцисот го темели своето постоење на туѓата реакција. Ако вие сте изворот за нарцисот нему / нејзе и е само важно да добие било каков повратен збор од вас или минимална размена. На нарцисот не му е важна содржината на комуникацијата, ниту дали реакцијата е афирмативна, нему/нејзе и е важно само дека со својата реакција вие сте го верификувале неговото/ нејзиното постоење.

Запомнете нарцисот постои само преку вашите реакции. Во моментот кога ќе престанете да давате реакции на нарцисот, тој ќе премине на следната жртва или извор. Единствен начин да се тргнете целосно од нарцисот е да не му посветите ниту еден збор и да не му дадете никаква реакција без разлика колку и да се „убива“ да ја добие. Игнорирањето на нарцисот него му создава многу поголем пораз отколку било кој негативен збор што ќе му го упатите!