Истражувачите од Политехничкиот универзитет во Хонг Конг (PoliY) имаат намера да го искористат својството на бактерии при чистење на отпадните води од мали делови од пластика кои се повеќе ја загадуваат животната средина, пишува Гардијан.

Резултатите од нивното истражување сè уште се во прелиминарна фаза, но тие беа презентирани на Здружението на микробиолози со седиште во Лондон.

Бактериите, како што е објаснето, се лепливи и се во состојба да создадат таканаречени микробиолошки мрежи кои личат на филм, поради што се нарекуваат биофилм.

Научниците утврдиле дека можат да „уловат“ микропластика што ја загадува водата и од неа може да се создаде дамка, која подоцна полесно ќе се исчисти и предаде за рециклирање.

Во сето ова, на научниците од Хонг Конг им помогна бактеријата Pseudomonas aeruginosa, создадена е мрежа на микроби кои фаќаат мали делови од пластика во вода, да ја групираат на дното, за подоцна да може лесно да се соберат и да се предадат за рециклирање.

Како и да е, новиот изум може да понуди долгорочно и одржливо решение за намалување на загадувањето со пластика. Нагласено е дека ќе се искористи нешто што доаѓа од природата.

-Неопходно е да се развијат ефикасни решенија што ќе ја фатат, соберат, па дури и да ја рециклираат микропластиката за да се запре пластифицирањето во животната средина, вели Силвија Ланг Лиу, микробиолог од PoliY и водечки истражувач на проектот.