По повод Интернационалниот ден на жената (8ми Март) директорот на СЗО Теодрос Гебрејсус изјави дека насилството врз жените ќе биде во фокусот на СЗО наредниот период.

Според статистиките кои ги изнесе директорот на СЗО една третина од жените од светската популација се жртви на сексуално или физичко насилство.

Теодрос Гебрејсус истакнува дека проблемот со насилството врз жените не е решлив на едноставен начин како пандемијата со КОВИД19 бидејќи против насилството нема вакцина.

Тој апелираше и до националните влади да пронајдат соодветни механизми за превенција и заштита на жртвите од сексуалното, физичко или психичко насилство.