Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на денешната прес-конференција информираше за повеќе детали во врска со полицискиот час кој стапува на сила од денеска (10 март) и ќе важи до 22-ри месецов во период од 22 до 5 часот наредниот ден.

Арсовски нагласи дека одлуката за забрана за движење нема да важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми и за патниците во меѓународниот превоз на патници.

За време на полицискиот час, како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење, како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин – објасни портпаролот.

Граѓаните ја критикуваат мерката полициски час бидејќи сметаат дека во периодот од траењето секако фреквенцијата на движење е мала бидејќи луѓето нема каде да одат, а излегуваат само они кои имаат нужни потрби да одат на лекар или во аптеки.