Новата студија за мерките за лична заштита од Ковид покажа дека носењето маски е најефикасната заштита. Ја намалува можноста за пренос на вируси за 53 проценти.

Студијата од Универзитетот Монаш во Австралија, објавена во престижниот британски медицински журнал, анализирала 72 претходни студии за ефикасноста на миење раце, носење маски и физичко растојание.

Исто така, се покажа дека миењето раце дополнително и во иста мера придонесува за спречување на ширење на вирусот. Маските сепак останаа на прво место.

Се покажа дека физичкото растојание ги намалува шансите за пренесување на вирусот од едно на друго лице за 25 проценти.

Студијата ги опфати и вакцините, кои покажаа дека тие не го спречуваат целосно ширењето на инфекцијата, што беше јасно од самиот почеток, пренесува RTL.

Заклучокот од студијата е дека мерките за задолжителна употреба на маски за лице, хигиена на рацете и физичко дистанцирање ќе останат дел од превенцијата од болести на јавниот здравствен систем до развој на колективниот имунитет.

Колективниот имунитет, од друга страна, директно зависи од процентот на вакцинирани во секоја земја.

Во време кога делта варијантата на вирусот САРС-КоВ-2 почна да се шири на Запад, главниот американски експерт Ентони Фаучи, кој е и советник на претседателот на САД, изјави дека вакцинацијата од најмалку 90 проценти е неопходна во такви услови.