Анализата се заснова на податоците од американското Национално истражување за здравје и исхрана, кое побара од учесниците да одговорат на прашања за нивните навики во исхраната.

Клучното е што во 2017 година во истражувањето беше вклучена и еластографијата која ја испитуваше еластичноста на црниот дроб на учесниците, но не поради сомневање за можни здравствени проблеми со тој орган, туку како дел од сеопфатна проценка.

Одамна е познато дека еластичноста на црниот дроб постепено се намалува поради фиброза и таложење на маснотии.

Во истражувањето спроведено во 2017 и 2018 година, учествувале 4.500 случајно избрани субјекти кои биле подложени на еластографија.

Учесниците во истражувањето биле на возраст од 20 или повеќе години, а просекот бил 48 години.

73 отсто од нив страдале од прекумерна тежина, што е приближно националниот просек, вели водачот на истражувањето, д-р Елиот Тапер, доцент по гастроентерологија на Универзитетот во Мичиген.

Научниците не пронашле врска помеѓу консумирањето кафе и замастен црн дроб, но откриле врска помеѓу консумирањето кафе и еластичноста на црниот дроб.

Кај луѓето кои пиеле повеќе од три шолји кафе дневно, еластограмот бил подобар.