Измените на Законот за здуженија и фондации, беше изгласан на почетокот од ноември, а Централниот регистар е должен да ги избрише здуженијата од регистар, ако тоа го побара Министерот за правда, по добиена согласност од Комисијата за употреба на имињата во здурженијата на историските личности.

Организациите регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат името и/или називот, скратеното име, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот, врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата. Одлуката се донесува во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, велат за Канал 5 од Министерството за правда.

Законот е стапен на сила на 16 ноемри, што значи дека спорните здруженија „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис III“ во Охрид имаа рок до 16 февруари идната година да ги променат имињата, статусот и целите на здружнијата.. Во спроривоно до 16 март 2023 година министерот за правда е должен да ја донесе одлуката со која тие ќе се избришат од Централниот регистар, ако такво мислење даде Комисијата.