Редовниот и квалитетен сон е многу важен за бројни функции во телото. Покрај спиењето, важен е и начинот на кој спиете. Без разлика дали е на грб, на страна или на стомак, вашата положба за спиење може да влијае на здравјето на вашиот мозок.

Неврохирургот Тара Сварт откри еден посебен начин на спиење кој е најдобар од сите други. Според неа, работите кои придонесуваат за добар сон вклучуваат легнување и редовно станување, бањање со магнезиум и ароматерапија. Свартова укажува и на едноставен трик за здравјето на мозокот, имено спиење на страна.

Спиењето на страна е корисно за чистење на мозокот од токсините во текот на ноќта, рече таа. Студија од 2020 година покажа дека спиењето на десната страна е најефикасно за мозокот.

Интересно е тоа што спиењето на страна е најпопуларна поза за луѓето, но и за повеќето животни. Се чини дека на ова се приспособивме за најдобро да го исчистиме мозокот од нервниот отпад што се наталожил додека сме будни., изјави данскиот лекар Мајкен Недергард. Спиењето на страна, исто така, помага да се спречи ‘рчењето за разлика од спиењето на грб, а исто така е поудобно за грбот и рамената.