Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати и во моментот се прави проценка на материјалната штета од пожарот.

Постојат сомненија дека автомобилите на ЕВН се запалени поради човечки фактор и дека настанот има врска со најавите за покачување на цената на струјата.

Во моментот МВР врши увид на настанот и ги истражува причините и потеклото за пожарот кој ноќеска ги потресе граѓаните на Тетово.

Извор: Канал5

претходниот член,За сите родители на светот, а пред се за моите!
Следната статијаМасовен протесен марш денеска низ неколку градови во Македонија по повод поскапувањето на струјата

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде