Протесниот марш против поскапувањето на електричната енергија доби големи размери. Протестите во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга ќе почнат во 18 часот, а во Куманово во 14 часот.

Се бара укинување на одлуката за поскапување на електричната енергија од 7.4%, распуштање на Регулаторна комисија за енергетика и формирање на тело во Собрание кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании.

-Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја укине одлуката за поскапување на електричната енергија за 7.4 отсто и да ја намали цената за потрошувачите за 46 отсто. Владата да го намали ДДВ од 18 во 5 отсто, да го елиминира монополот на компанијата ЕВН со укинување на договорот со цел да и се стави крај на нивното некоректно и нечовечко однесување.

Да се национализира дистрибутивната мрежа и да создаде олеснителни политики за простување на долгот на социјалните случаи, вели Кренар Османи, пренесе ТВ21.

И Конфедерацијата на независните синдикати во Македонија како организатори повика за масивно присуство на протестот.

Извор: Кумановски муабети