Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати и во моментот се прави проценка на материјалната штета од пожарот.

Постојат сомненија дека автомобилите на ЕВН се запалени поради човечки фактор и дека настанот има врска со најавите за покачување на цената на струјата.

Во моментот МВР врши увид на настанот и ги истражува причините и потеклото за пожарот кој ноќеска ги потресе граѓаните на Тетово.

Извор: Канал5