Споредбено со 2000 година, новите статистички податоци собрани во 2018 година покажуваат дека бројот на новородени деца во вонбрачните заедници пораснал за 17%, согласно податоците на Евростат.

Во нашиот регион најголем број на вонбрачни деца има во Бугарија, а нивниот процент изнесува 58,5%, по што следува Косово со 38,7% и Србија со 26,8%.

Во Македонија бројот на вонбрачни деца изнесува 12,1% согласно податоците собрани во 2018 година и се забележува раст во споредба со 2000 година која вкупниот процент на деца родени во вонбрачни заедници изнесувал 9,8%.

Ваквиот тренд покажува дека се помалку луѓе се одлучуваат на бракови и како форма на заедништво ја одбираат вонбрачната заедница, или бракот веќе не претставува услов за раѓање и одгледување на деца, како во традиционалните форми на заедништво.

Овие податоци покажуваат дека традиционалните форми на заедништво се напуштаат масовно и во ЕУ но и во Македонија.

Извор: МИА

претходниот член,Во Албанија се слави успехот на албанските партии во Македонија
Следната статијаЗа месец дена потврдени нови милион случаи на КОВИД19

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде