Десетите по ред парламентарни избори главна тема во медиумите во регионот и светот. Зоран Заев победник со мала разлика, изборен трилер со мало водство на Заев, мала предност на СДСМ, ова се само деле од насловите кои осамнаа во грчките медиуми по повод вчерашниот изборен ден во земјава.

Тамошните медиуми пишуваат дека на овие збори воопшто немало изборна атмосфера поради кризата со вирусот и дека излесноста не била голема. Ги објавија и проблемите со сајтот на ДИК при објавувањето на изборните резултати.

СДСМ вчера прогласи победа на парламентарните избори на уште необјавени конечни резултати, пишуваат српските медиуми.

И сведските медиуми меѓу кои и Гардијан се фокусираат на изборите во Македонија бидејќи сметаат дека се работи за земја која е клучна за стабилноста во регионот. Медиумите сметаат дека овие избори се важни и дека со нив ќе се одреди дали земјава ќе остане на европскиот пат.

Вчерашните избори во Македонија и покрај тоа што поминаа во фер и демократска атмосфера донесоа и неколку скандали кои ја откриваат неагилноста на надлежните за нивно спроведување.

Прво софтверот на ДИК кој несоодветно ги обработуваше податоците, а потоа и обвинувањата за пропусти на работата на ДИК кои стигнаа од скоро сите поголеми партии.

На овие избори, според тврдењето на многумина најголем изборен резултат и предност освоиле албанските партии, односно ДУИ кои од досегашните соопштенија има освоено 15 пратенички места во Собранието.

Извор: Сител