Бројот на заразени лица со коронавирус во Бразил вчера надмина два милиона, а досега починале речиси 77.000 луѓе, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Поминаа само 27 дена откако Бразил, кој по бројот на заразени лица се наоѓа на второ место во светот по САД, забележа еден милион случаи.

Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во земјата се регистрирани 2.012.151 лице.

За споредба, во САД од првиот до вториот милион заразени лица поминале 43 дена. Во 89% од смртните случаи во Италија биле директна последица на корона вирусот.

Извор: Сител