Во недела голем број на македонски граѓани поминуваат на Г.П „Табановце“ и се упатуваат кон најблискиот поголем град во соседната Србија, а тоа е Врање.

До пред неколку месеци, причината за посета на Врање беше вакцинацијата, денеска посетата на угостителските објекти е единствениот мотив за македонските граѓани да ја поминат границата.

Мениата се пообемни, цените се пониски, а персоналот е гостопримлив кон луѓето кои доаѓаат од Македонија.

Ненад Ташковиќ е долгогодишен угостител во Врање

На прашањето зошто луѓето дури од Македонија се упатуваат до Врање да одат на еден ручек, долгогодичниот угостител и готвач Ненад Ташковиќ од ресторан „Триооо“ во Врање за „Мој збор“ вели:

Поциите кај нас се поголеми, а некои ресторани во Врање веднаш би пропаднале доколку немаат гости од Македонија. Тие буквално живеат од Македонците. 

Овој тренд не е од скоро, а врањанците се прочуени по своето гостопримство. Голем процент од врањската економија е токму угостителството, на кое голема поддршка му даваат токму македонските граѓани. Тие се буквално кислород на угостителството во овој српски град.

 

 

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Наскоро се планира изградбата на првиот пловечки град во светот
Следната статијаВрнежите од снег на повисоките места ќе продолжат и денеска

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде