дома животен стил Никогаш не ручајте сами и гответе секојдневно

Никогаш не ручајте сами и гответе секојдневно

Заедничкиот приготвен ручек има бројни придобивки - од здравствени до општествени

400
0

Во однос на вид на храна која ја конзумираме се разликуваат два концепти: Слоу фуд (slow food) и Фаст фуд (Fast food).

Слоу фуд се однесува на храна која поспоро се приготвува и поспоро се јаде, додека фаст фуд се однесува на храна која брзо се приготвува и се јаде „од нога“.

Обично слоу фуд се врзува со претставата за приготвен ручек кој го делат сите членови на семејството, а претставата за фаст фуд е човек кој јаде сам во некое ќоше од ресторан за брза храна, млечен ресторан или во некоја просторија од пауза за работа.

Потребно е секојдневно да јадете приготвен оброк и да го поделите со членовите на вашето семејство, еве од кои причини:

taco with vegetable

Здравствени придобивки

Готвеното јадење има бројни здравствени придобивки. Кога готвите за себе и за вашето семејство вие внимавате на изборот на состојки, хигиена, начин на приготвување и слично. Топлината со која го приготвувате јадењето му дава посебен вкус на истото.

Според СЗО еден топол и течен оброк дневно спаѓа во концептот на здрава исхрана.

Социјализација

Немаме време во изобилие да го поминуваме со семејството, напротив ретки се минутите што може да ги одвоиме за да споделиме мигови со семејството или да сослушаме нечиј проблем и да учествуваме во барање на решение.

Заедничкиот ручек, е време кое секако секој член од семејството треба да го потроши во задоволување на нужната потреба од храна, најдобро е да се синхринизирате и додека јадете да се социјализирате.

Готвењето ја поттикнува креативноста

Гастрономијата е наука, но ја поттикнува и креативноста во комбинирањето на состојките, време потребно за нивно приготвување, дозирање и сл.

За еден оброк да биде вкусен, треба да се употреби многу знаење, па не случајно готвењето се третира како една од главни вештини низ многу земји во светот.

Јадењето заедно го менува вредносниот однос кон храната

Делење на јадењето создава зрели алтуристи, но и луѓе кои го сфаќаат значењето на храната.

При заедничкото јадење можете да ги воспитувате вашите деца и да им вградувате навики за јадење и за однос кон храна, како на пример – да не ја фрлаат храната, да не јадат повеќе одошто им е потребно за да бидат сити и слично.