дома животен стил Дали треба да поставувате цвеќе во собата за спиење?

Дали треба да поставувате цвеќе во собата за спиење?

Според Фенг Шуи цвеќе не е препорачливо да се поставува во собата каде што спиете, освен ако не е доволно одалечено од креветотот на кој спиете

2015
0

Уредувањето на домот не е едноставна работа, напротив бара многу внимание, посветеност и умешност.

Дилема е кои елементи припаѓаат во која соба, а особено деликатно е уредувањето на спалната соба и реалната потреба од предметите што се наоѓаат во вашата спална соба.

Едно од најчесто поставуваните прашања е дали цвеќињата се „добредојдени“ во вашата спална соба.

Тие обично се поставуваат за освежување на просторот, зелената боја го одмара сетилото за вид, а цвеќињата произведуваат кислород, освежувајќи го дополнително воздухот.

Генералната препорака е да поставите цвеќе во вашата спална соба, освен доколку не се соочувате со следниве потешкотии:

Алергии

Доколку сте алергични на полен од цвеќиња тогаш дефинитивно местото на цвеќето не е во вашата спална соба, како ниту во една друга соба од вашиот дом.

Мала спална соба

Пожелно е цвеќето да биде одалечено од креветот што е можно повеќе. Ако имате мала спална соба или кревет кој се наоѓа на средина од собата, па немате услови да го одалечите цвеќето, тогаш не се препорачува да биде дел од потесниот избор на предмети што ќе се најдат во вашата спална соба.

Цвеќињата не се вклопуваат во ентериерот

Ако едноставно енетериерот естетски не поднесува цвеќиња, тогаш отстранете ја идејата за поставување на цвеќе во вашата спална соба.