За младите наставници да се мотивираат да останат во земјата, неопходни се реформи во образованието, а државата да вложува во условите за работа во училиштата, сметаат професорите на Факултетот за образовни науки.

Неусогласеноста на средното со високото образование и со потребите на пазарот на трудот, менување на методите на работа во образовниот систем, се само некои фактори на кои им се потребни итни промени.

Учителствувањето кај нас не е атрактивна професија, поради ниските плати и намалената самодоверба на наставничкиот кадар. Треба да се направат некои промени. Да се подобри образованието до некој степен, а потоа и да се наградат финансиски наставниците

Незаинтересираноста на младите за наставничката професија, доведе до дефицит од наставници по некои предмети, посебно во средните училишта.

ИЗВОРСител
претходниот член,ЗНМ и Гете – институт Скопје: Презентирани новинарски мултимедијални стории од социјален карактер
Следната статијаЕвропскиот парламент усвои закон за воведување универзален полнач

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде