Минхаузенов синдром е сериозно умествено пореметување кое што кај личноста што има многу голема и длабока потреба за внимание се преправа дека е болна или намерно се разболува или повредува.

Луѓето коишто патат од Минхаузеновиот синдром можат да измислат симптоми, да иницираат ризични активности или да пробаат да ги фалсификуваат лабораториските тестови со цел да добијат симпатија и загриженост кон себе.

Минхаузеновиот синдром се наоѓа во групата на состојби, наречени фикциони пореметувања (измислени пореметувања).

Фикционите пореметувања можат да бидат од психолошки или физички карактер.

Минхаузеновиот синдром се наоѓа во групата на најтешки и хронични физички форми на фикционите пореметувања.

Синдромот е многу мистериозен и многу тешко се лекува.

Сепак, медицинската помош е критична во превенцијата на сериозни повреди, па дури и смртни последици настанати како причина на самоповредување, што е карактеристика типична за Минхаузеновиот синдром.

Како луѓето со Минхаузеновиот синдром ја глумат болеста

Поради тоа што луѓето со овој синдром стануваат експерти во глумење на симптомите и болестите или пак се самоповредуваат, понекогаш е многу тешко за докторите и нивните блиски да дознаат дали нивната болест е реална или не.

Луѓето коишто го имаат овој синдром ги измислуваат симптомите или ја предизвикуваат болеста на неколку начини, вклучувајќи:

Измислени медицински истории

Можат на своите блиски или на докторите да им презентираат лажна медицинска историја, како што е тврдењето дека имаат рак или ХИВ.

Глумење симптоми

Можат да ги глумат симптомите како што се стомачна болка, вртоглавица, онесвестување или аритмија.

Самоповредување

Можат да се повредат или намерно да предизвикаат болест како што е на пример, инјектирањето на бактерии, млеко, бензин или фецес.

Исто така можат намерно да се исечат или изгорат. Можат да земаат лекови коишто ги имитираат болестите, како што се лекови за намалување на згрутчувањата во крвта, хемотераписки лекарства и лекови за дијабетес.

Не го дозволуваат зараснувањето на раните

Повторно ја отвораат залечената рана.

Манипулација

Можат да ги злоупотребат медицинските инструменти за да покажат други резултати, како што е на пример загревање на топломерот.

Исто така, можат и да ги загадат своите примероци од урина наменети за лабораториско тестирање со крв или други субстанци.