Иако многумина во недела ги обавуваат своите домашни обврски кои се однесуваат на перење, чистење и капење поради тоа што недела е слободен ден за најголем број од луѓето, а некои и ја користат ефтината тарифа на струјометрите, сепак обавувањето на овие обврски токму во недела има сосема поинаква симболика. 

Недела е последниот ден од неделата во кој луѓето во главно го „мијат“ сето она што им се случило претходната недела и чисти влегуваат во новата недела.

Ова разбирање има длабоки корени во јудеохристијанската традиција, особено бидејќи во Светото писмо се наведува дека Бог го одредил седмиот ден од неделата за одмор и осврт кон својата креација.

Луѓето во недела го сумираат сето она што се случувало во изминатата недела и со нови заклучоци влегуваат во новата недела. Таа перцепција се одразува и на животните навики, особено кога е одржувањето на хигиена во прашање.

Со чистење на домот, луѓето го исфрлаат насобраниот и непотребен материјал од домовите и го подготвуваат домот за неделните активности кои претсојат. Исто е и со телото. Миењето со вода, значи своевиден пресек односно одделување на она што се случило и она што допрва треба да дојде. Водата го мие минатото, а она што ќе остане при миењето е материјал што се користи за иднината.