Не треба да знаеме нечиј коефициент на интелигенција за да заклучиме дека таа личност е натпросечно интелигентна. Ќе ги препознаеме по работи што ги прават поинаку од другите.
  • Ги доведуваат во прашање дури и највкоренетите мислења и верувања

Интелигентните луѓе не веруваат во се што ќе слушнат. Тие ги доведуваат во прашање традициите, верувањата, етичките норми, целиот систем во кој живееме, всушност сè што постои. Ништо не земаат здраво за готово и не ја следат толпата, туку за се размислуваат критички и темелно истражуваат пред да формираат сопствено мислење.

Сигурно не веруваат во се што ќе слушнат на вестите или од некоја авторитетна личност. Натпросечно интелигентните луѓе можат да видат низ лагата и не дозволуваат другите да си играат со нив или да ги ќошат. Догмата, односно принципите кои се претставени како непобитна вистина, не им значат ништо – тие го имаат мислењето што сакаат да го имаат и го следат својот пат во животот.

  • Интелигентните луѓе никого не воздигнуваат на рајот

Луѓето со натпросечен коефициент на интелигенција ретко имаат идоли и ретко бараат некој да ги води низ животот. Тие знаат дека знаењето што го бараат и им е потребно може да го најдат во себе. Сфаќаат дека можеме да научиме нешто од секој човек во животот, но сфаќаат и дека самите не знаат сè.

Никој ги нема сите одговори и затоа натпросечно интелигентните луѓе не гледаат на никого како на идол. Тие се гледаат себеси како свој личен гуру кој има доволно мудрост и сила да се снајде во секоја ситуација.

  • Тие се во постојана потрага по знаење

Луѓето со висок коефициент на интелигенција никогаш не се задоволуваат со она што го знаат – тие секогаш копнеат по нови знаења и искуства. Уживаат да ги прошируваат своите умови и да се вклучат во интелигентен разговор секогаш кога ќе добијат шанса.

Интелигентните луѓе се фасцинирани од знаењето и се зависни од него – не се задоволни со наученото бидејќи на тој начин умот ќе им стагнира. Тие разбираат дека знаењето е моќ и сакаат да се вооружат со што е можно повеќе ментална муниција.