Хакалбери Фин, Том Соер, Големиот Гетсби, Доктор Офболи, Странствувањата на Чајд Харолд, Евгениј Онегин… Ако се обидете да се сетите на книги се именувани според главниот јунак во делото, без многу разлислување ќе се сетите најмалку на десетина наслови.

Но доколку се обидете да се сетите на книги кои носат имиња според женски ликови во приказната, нема да успеете да го достигнете истиот број како во претходниот случај.

Жените автори на класици се поретка категорија бидејќи, историски, на жените не им било дозволено да пишуваат, а оние кои сепак се осмелиле да ги издадат своите дела пишувале под машки псведоним. Романите кои се напишани од мажите во суштина ги прикажуваат женските ликови единствено преку нивната „сентиментална страна“ како возрасни Пепелашки кои се во вечна потрага по својот принц.

Женските ликови во машките романи се несреќени, мечтателки, фокусирани на сопствениот љубовен живот, инфантилни, во постојан занес, страсни љубовнички. Во моментот кога женското авторство стапки на книжевната сцена женските ликови почнаа да се релативизираат, како во делото „Разумот и чувствителноста“ на Џејн Остин.

Романи кои се именувани по главен женски лик се малку на број, но се од исклучителна важност да се запознаат историските перцепции кон жените. Интересен факт е што во романите кои се именувани според женски главен лик, а напишани од мажи, главните женски ликови се издвојуваат од средината, припаѓаат на повисоките општествени слоеви, се занимаваат со уметност и се писмени. Што за времето во кое настанале се ретки фенотипски карактеристики кога е во прашање жената.

Три романи кои ги носат имињата на женските главни ликови, што секоја жена треба да ги прочита:

Ана Каренина од Толстој 

Ана Каренина не е обична жена. Таа се разликува од жените во своето опкружување. Припаѓа на повисокиот општествен слој, не се пронаоѓа во улогата на мајка, го презира нејзиниот сопруг, сака уметност и динамичен живот и подготвена е да погине во љубовен занес.

Ана Каренина е страсна љубовница која ја ризикува репутацијата на нејзиното семејство и нејзиното сопствено удобство и живот поради сопствениот идеализам. Таа целиот живот бара нешто повеќе иако во очите на другите жени таа има се.

Толстој ја прикажува Каренина низ стереотипите на моралот од неговото време. Ана Каренина е неморална жена, чии квалитети и уметничка дарба не се важни за дејството во делото.

Изнегнувајќи да ги прикаже причинско-последични врски од незадоволството кон сопствената позиција, Толстој ја осудува Ана Каренина на единственото стојалиште од каде може да се гледа нејзиниот лик, а тоа е „моралното стојалиште“.

Сепак Ана Каренина повеќе е моралист одошто виталист. Таа го избира моралот пред животот и решава да се самоубие не само поради несреќната љубов, туку и поради начинот на кој нејзиниот живот изгледа откако се вљуби во човек кој не е нејзиниот сопруг.

Извадок од филмот Ана Каренина, 2012, во режија на Џо Рајт

Госпоѓа Бовари од Флобер 

Малку се зборува за дарбата што Ема ја има за свирење пијано и бројот на прочитани книги во нејзниот живот. Читателот едвај може да знае дека Ема има креативност и интелект што општеството не може да ги употреби бидејќи најважната титула која жената може да ја има е да биде мајка и сопруга. Во најдобар случај сопруга на угледен човек.

Шарл е лекар и прекрасен сопруг кој ја сака Ема, посветен на својата професија и родителска улога. Но Ема не е задоволна од сопствената позиција, таа знае дека може повеќе од тоа. Со тек на времето почнува да го презира својот сопруг, затоа што смета дека со тоа што му станала сопруга ги исекла сите граника на сопствените можности за самоостварување на кои седела во младоста.

Флобер не е ни малку внимателен кон ликот на Ема. Во „Госпоѓа Бовари“ можете да читате вивисектни пејсажи од љубовниот чин на Ема со нејзините љубовници и многу малку асоцијации за ликот на Ема кој се гради и преку читање на романи и свирње на пијано. Во суштина Флобер во романот ги интегрира општествените перцепции на своето време, на кои и самиот е жртва.

Затоа Ема е несреќен лик, кој до самоубиство го водат само личните избори и одлуки кои се презентирани како нерационални, без смисла и причина.

Во суштина машките автори малку се задружуваат за причините на незадоволството на женските ликови во нивните романи кои ги раѓаат сите понатамошни несреќи како главно расположение во дејството.

Поради силното влијание на Флобер во историјата на книжевноста и широката распространетост на познавањето на ликот на Ема Бовари, психолозите именувале и пореметување во емоциналниот развој на жените познат како синдром „Мадам Бовари“ кој се карактеризира со идеализирање на љубов, претерана романтика, фатализам во љубовните врски и сл.

Интересно е што обично овој синдром се врзува со пореметување во однесувањето што го имаат жените, но не и мажите, иако и мажите често знаат да ја идеализираат љубовта и имаат фатален исход од заљубувањето.

Извадок од филмот Госпоѓа Бовари, 1991 во режија на Клоди Шаброл

Ема од Џејн Остин

Кога читате роман во кој главен лик е жена, а романот е исто така пишуван од жена веднаш ќе забележите разлика во фокусот. Џејн Остин на Ема и ги дава карактеристиките на физички убава, шармантна и згодна девојка која нема никаква потреба од љубов и лицемерен брак.

Ема се посветува на сопственото емоционално созревање и не е заинтересирана да добива афирмации од мажите за тоа колкава е нејзината вредност. Ема не е заинтересирана за сопствениот љубовен живот, но постојано прави сплетки во туѓиот.

Таа се става во улога на стројник на нејзината братучедка, само да покаже колку жените во суштина ги препуштаат своите судбини на другите, наместо да го креираат сами нивниот живот. Се што ќе се случи понатаму во животот на нејзината братучедка е резултат на избори и одлуки на трети лица.

Затоа од романот Ема на Џен Остин најчесто се цитира реченицата: „Има и такви луѓе – што повеќе правиш за нив – толку помалку тие прават за себе.“

Џејн Остин, како и Толстој и Флобер на реалистичен начин и без никаква пристрасност и глорификација ги покажува сите слабости на својата хероина. Со единствена разлика што како жена, таа може да ги знае причините и мотивите за однесувањето на нејзината хероина и да ги нагласи за читателот, додека позицијата на машкиот автор е секогаш „надворешна“. Ликот на Џејн Остин е транспарентен иако е учесник во различни сплетки и жртва на ситуации и околности, додека ликот на Толстор и Флобер е далеку помистериозен, па со самото тоа и неразумен и нејасен за читателите колку што е нејасен и за самиот автор.

Извадок од филмот Ема, 2020 година во режија на Отом де Вајлд

Автор: Магдалена Стојмановиќ