Образовниот систем ширум светот, по индустриската револуција станал центрирал во училниците.

Училницата не е само место каде што учениците „учат“ и го совладуваат наставниот материјал, туку и место каде што се „вдомуваат“ најголем дел од денот.

Тоа училничко згрижување, им помага на родителите да ги обавуваат своите работни обврски додека нивните деца се на безбедно заедно со другите деца од својата генерација.

Сепак, епидемијата предизвикана од корона вирусот создаде алтернативи кога е во прашање совладување на наставен материјал и простор каде што се „учи“. Па така актуелна стана т.н онлајн настава која се реализира со помош на технологијата за комуникација.

Еве кои пристапи за одржување на настава постоеле во минатото и кои се нивните предности:

  • Учење преку шетање

Ликеј или перипатетичка школа е основана од страна на најпознатиот даскал во периодот на схоластиката – Аристотел.

Перипатетичка школа е наречена поради тоа што наставата се одвивала во движење, односно низ прошетки.

Аристотел сметал дека движењето на телото и емпирискиот увид во нештата е многу поефикасен фактор во учењето отколку голиот монолог или како што денеска се нарекува екс катедра пристап.

  • Учење на отворени простори

Првите подучувачи колку што е познато во историјата на западната мисла, биле токму античките софисти.

Софистите своето подучување го спроведувале на отворени и јавни простори и за тоа добивале одредена сума на пари од страна на учениците.

Софистите од подучувањето направиле професија а од концептот за учење на отворени и јавни простори се раѓа и ренесансната идеја за Универзитетот.

  • Учење преку софтвери

Напредокот во техниката и технологијата го смени и развирањето на просторот и времето, па така обезбеди брзо и непречено комуницирање помеѓу луѓето без оглед на нивната физичка одалеченост.

Актуелни се различни онлајн курсеви или софтвер за самостојно учење кое целосно ја исклучува потребата од присуство на наставникот.

Учењето се одвива преку „обиди и грешки“ односно е целосно самостојно. Таквото учење ја исклучува од доминација формата на „социјално учење“ кое во класичниот образовен систем е најзастапена форма на учење.

  • Учење преку игра

Постојат родители кои своите деца ги отпишуваат од училишта сметајќи дека училиштата само ја обавуваат улогата на социјализација и од децата прават „општествено пожелни продукти“.

Според наводите на тие родители, децата ја немаат автентичната индивидуална слобода да се изразат себе си и да се самоспознаат. Тие се постојано преплавени со концепти за тоа какви треба да бидат, а не какви што суштински се.

Таквите родители ги оставаат децата да ја чувствуваат слободата и тие деца најчесто учат преку играта во која има : правила, истражување, се учи одредена улога и сл.

Играта може да замени голем дел од процесот на социјализација која се врши во училницата.

Магдалена Стојмановиќ за Мој збор