Кинексиот произведувач Канди на американскиот пазар ќе има понуда од два електрични модели- К27 и К23.

Светската здравствена организација ја повика Русија, која во понеделникот објави дека има намера да започне масовно производство на вакцината во септември и да го прошири производството на „неколку милиони“ дози месечно следната година, да се придржува до упатствата за производство на безбедна и ефикасна вакцина.

Русија најави дека на 15ти ќе почне да ги аплицира првите вакцини против корона вирусот во државата.

Први до дозата за вакцина ќе стигнат докторите и просветните работници бидејќи токму тие со својата дејност се најмногу изложени на ризик да се заразат со КОВИД19.

Од октомври руските медицински институции најавија омасовување на дозите за вакцинација при што до вакцината ќе доаѓа најголем број од населението во Русија.

СЗО изрази загриженост за почитување на стандардите за квалитет на вакцината, а некои таквата рекација на СЗО ја протолкуваа како спречување на доминацијата на Русија на светскиот фармацевтски пазар.

Извор: Канал5