дома информација вест Пуштен во употреба првиот воз на водорот, емисијата на штетните честички целосно...

Пуштен во употреба првиот воз на водорот, емисијата на штетните честички целосно редуцирана

47
0

Холандската провинција Гронинген успешно тестираше воз на водород, на линија долга 65 километри, која работеше без патници до Ливарден на северот од земјата.

Целта на тестот беше, како што е нагласено, да се испита дали возот што користи водородни ќелии за својот погон може да биде целосно одржлива алтернатива на возовите со дизел мотори, кои во моментов работат во северниот дел на таа земја.

По Германија, Холандија е втора земја во Европа каде што возот „Алстомов“ се покажа како единствено решение за енергија без СО2.

Тестовите покажаа дека нашиот воз на водород е прифатлив и сигурен, како и дека ги обезбедува истите перформанси. Како и дизел опрема, има благ шум но нула емисија на честички – рече Бернард Белваук, извршен директор, Алстом Бенелук.

Возот воден од водород од Алстом беше детално тестиран со операторот Арива, а тестовите се одвиваа без патници.

Во извештајот се наведува дека возот на водород на Алстом успешно исполни неколку цели, вклучувајќи го и одобрувањето на Националната проценка на безбедноста на Холандија за возење по холандски железници и совршено се вклопи во трговскиот возен ред.

Исто така, се претстави добро во однос на потрошувачката на водород, компатибилност со инфраструктурата, забрзување, сопирање, приклучување, максимална брзина и перформанси на помошниот уред.

Машиновозачите велат дека се задоволни од управувањето со возот, а полнењето гориво со водород поминало побрзо од предвиденото и било безбедно.

Во извештајот се наведува дека сите цели се постигнати и дека водородниот вод е целосно одржлива алтернатива на дизел моторите.

Извор: Nova Ekonomija

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде