Од понеделник ќе може да се движиме слободно низ овие земји од опкружувањето:

1203

Владата го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Без негативен ПЦР тест македонските државјани ќе може да ги минуваат границите со овие држави од опкружувањето.

Одлуката беше донесена на денешната Седница на Влада откако претходно беше доставен предлог од Кимисија за заразни болести.

Експертите го дадоа предлогот откако направија детална анализа за ризиците за патување во овие држави, кои во овој период не се опасност по здравјето на граѓаните.