Цената на нафтата се искачи на 40 долари за барел.

На колку ќе се искачат цените на горивата кај нас ќе видиме денеска што ќе одлучи регулаторната комисија за енергетика, која според својата методологија ќе ги пресмета максималните цени по кои горивата треба да се продаваат во Македонија во наредните седум дена.

Иако тие својата пресметка не ја прават според цената на суровата нафта туку според просечната цена на нафтените деривати на берзата, нивните трендови секако се поврзани.

Минатата недела цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 0,5 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство остана иста како пред две недели, односно изнесува 37,50 ден/лит.

претходниот член,Тасевски: На едни славата и почестите, на други кочанот во рака
Следната статијаКако старите валкани бели патики да ги направите како нови (видео)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде