Интригантниот и контроверзен актер, автор и мислител Сашо Тасевски денеска се огласи на својот фејсбук профил и го даде своето видување по завршувањето на 80 часовниот полициски час низ најголемите општини во Македонија воведен за да се ограничи движењето на христијснкиот празник „задушница“.

Во средиштето на неговиот коментар се наоѓа споредбата помеѓи голем број на граѓани од Скопје кои во четвртокот ги напуштија своите домови и се упатија низ други туристички општини низ Македонија како би го избегнале полицискиот час и затвореноста во домовите.

Денеска заврши полицискиот час и граѓаните на Скопје повторно се враќаат од своите излетнички патувања, а Тасевски даде приказ на изгледот на оние кои биле под целосен полициски час и тие кои го избегнале заминувајќи од Скопје.

Интегралната објава на Тасевски во продолжение:

Крстоносциве се вратија од Охрид и Маврово… Со тен. Походот успешен. Денес малку пување, покажуење на исончаните места, раскажуење случки, рибарски приказни…
Другиве што не беа во поход, бледолики, ко лимон во суратите, нервозни… Отсекогаш било така, на едни славата и почестите, на други кочанот во рака.