дома информација вест По отворање на градинките и училиштата во Загреб – рекордно висок број...

По отворање на градинките и училиштата во Загреб – рекордно висок број на заразени деца

664
0

Вкупно 49 деца и 21 вработен се заразиле со коронавирус во сите градинки и основни и средни училишта во Загреб, соопшти Ива Милардовиќ Штимац од секторот за образование на Загреб.

„447 деца и ученици и 54 вработени се во самоизолација“, кажа Милардовиќ Штимац.

Во градинките се заразени две деца и осум вработени, а 121 дете и 20 вработени се во самоизолација.

Во основните училишта се заразени 11 деца и шест вработени, додека 206 деца и 23 вработени се во самоизолација, а во средните училишта 36 деца и седум вработени се заразени, додека 120, односно 11 се во самоизолација.

Извор: Нова Македонија

претходниот член,Еве кај е отруен Навални, а не е аеродромот како што се претпоставуваше:
Следната статијаЗлатна рипка навистина исполнува желби, еве зошто:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде