Рибите се домашни миленичиња низ многу домови.

Освен во домови, тие се употребуваат и во деловни простори и канцеларии за разубавување на просторот и давање на свежина.

Постојат многу типови на риби кои се чуваат во аквариуми или во кугли, но златната рипка има многу предности во споредба со другите:

Најлесна е за одгледување

Златните рипки не бараат посебни услови за одгледување, за нив не треба да се грижите колава ќе биде температурата на водата или храната што треба да ја јадат колку што треба да се грижите за другите типови на рипки.

Не се агресивни

За разлика од бета рибата (или популарно – борец) златните рипки не се агресивни и тие може да живеат во голема заедница со други рипки без да ги напаѓаат или јадат.

Се поврзуваат со сопственикот

Истражувања покажале дека златните рипки регираат кога сопственикот ќе се доближи да ги нахрани, некои златни рипки дури и ја земале храната меѓу прсти на сопственикот. Другите типови на риби (аквариумски) обично се одалечуваат од вас штом ќе го забележат вашето присуство.