дома информација вест Пациентите заболени со КОВИД19 во Македонија ќе се лекуваат со контроверзниот лек...

Пациентите заболени со КОВИД19 во Македонија ќе се лекуваат со контроверзниот лек „Ремдесивир“

59
0

Македонија и преку ЕУ добива пристап до лекот Ремдесивир објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Потпишан е договор од 36 земји, меѓукои е и Македонија. Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка.

Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна, респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.

Преку Клиничката студија на СЗО веќе го имаме лекот Ремдесивир, а со ова обезбедуваме дополнителни количини од истиот за третман на пациенти со корона вирус – додаде Филипче во соопштението за јавноста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде