Владата го овласти минситерот за здравство да потпише договор за набавка на вакцини против КОВИД19

1254

Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за набавка на безбедни и ефективни вакцини против корона вирусот.

Вакцините треба да бидат потврдени и регулирани од Светската здравствена организација, Македонија треба да изготви барање за пристап до вакцини.

Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС.

Министерот во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги обезбедат потребните финансиски средства.