дома информација вест Од сега сите лица кои биле во контакт со заразени ќе се...

Од сега сите лица кои биле во контакт со заразени ќе се тестираат на КОВИД19 без оглед дали имаат или не симптоми

878
0

СЗО истакна дека без разлика на тоа дали лицата кои биле во контакт со заразено лице имаат или не симптоми тие мора да се тестираат.

Се очекува ова одредба на СЗО да ја прифатат националните влади во скоро време и да почнат да ја применуваат во пракса.

Досега не беше задолжително тестирање на лица кои немаат симптоми.

За нив важеше само задолжение да се биде во домашна самоизолација 14 дена во исчекување да се појават симптомите на КОВИД19 доколку ризичните категории на лица биле инфицирани при ризичен контакт со заразно лице.

Извор: Канал5