Од сега сите лица кои биле во контакт со заразени ќе се тестираат на КОВИД19 без оглед дали имаат или не симптоми

1248

СЗО истакна дека без разлика на тоа дали лицата кои биле во контакт со заразено лице имаат или не симптоми тие мора да се тестираат.

Се очекува ова одредба на СЗО да ја прифатат националните влади во скоро време и да почнат да ја применуваат во пракса.

Досега не беше задолжително тестирање на лица кои немаат симптоми.

За нив важеше само задолжение да се биде во домашна самоизолација 14 дена во исчекување да се појават симптомите на КОВИД19 доколку ризичните категории на лица биле инфицирани при ризичен контакт со заразно лице.

Извор: Канал5