На 14ти Јуни завршува вонредната состојба во Македонија која претседателот – Стево Пендаровски ја прогласи на 30ти Мај.

Денешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во однос на претпоставките околу исходите на состанокот на Советот за безбедност не даваат многу податоци околу тоа дали ќе има ново продолжување на вонредната состојба.

Извесно е дека владата нема да побара ново прдолжување на вонредната состојба од причина што во Македонија на тој начин се продлабочува политичката криза од која владата гледа излез само со реализирање на избори и нов парламентарен состав.

Епидемијата со КОВИД19 во Македонија не стивнува, а бројот на потврдени случаи, секој ден е енормно висок. Потребата од вонредната состојба е оправдана водејќи се од зачувување на јавното здравје, но од друга страна на политичко ниво работите се измакнуваат од контрола.