Тројца кениски полицајци се уапсени откако беше објавено видео на социјалните мрежи во кое еден од нив влечеше 21-годишно девојче, врзано за мотор.

Тројца кениски полицајци се уапсени откако беше објавено видео на социјалните мрежи во кое еден од нив влече 21-годишно девојче, врзано за мотоцикл, јави Би-Би-Си.

Полициските службеници ја обвинија несреќната девојка дека учествувала во грабежот, а на видеото се гледа како еден од полицајците ја камшикувал додека таа го моли да престане.

Според достапните информации, граѓаните на округот Накуру интервенирале, ја извлекоа девојката од рацете на полицијата и ја ставија во болницата со скршеница на ногата и други повреди што ги здобила.

Ова не е изолиран или редок случај на полициска бруталност во Кенија.

Според сведоците, само минатата недела полицијата уби 15 лица за време на полицискиот час воведен за да спречи ширење на корона вирусот.

Одредени конзервативни струи во Европа се критички настроени кон медимското внимание кое се дава на случајот за полициската бруталност во САД и убиството на Џорџ Флојд, додека во незападните држави случки на полициска бруталност кои се пречесни, не се застапуваат во медиумите и не се потенцираат како важни.

Извор: novosti.rs