Во текот на викендот Комисијата за заразни болети ќе излезе со соодветни препораки, откако вчера беа регистрирани рекордни 225 новозаразени со корона вирус во земјата.

Министерот за здравство, Венко Филипче најави детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците за да се утврди точно начинот на трансмисија на вирусот во повеќе општини, односно градови во државата.

Врз основа на тоа, како што рече Филипче, ќе заземат став дали се потребни некакви мерки коишто би ги препорачале понатаму до Владата.

Во меѓувреме европските држави ги зголемуваат рестрикциите поради голем број на нови заразени, а Мадрид од вчера се наоѓа во целосен карантин.

Извор: Нова Македонија

претходниот член,Задолжителни намирници на дневно мени: Содржат антиканцерогени молекули, помага во заштита на мозок, аларгии, вид, дијабетис и аутизам
Следната статијаИмате дилема дали нешто да направите, кажете или покажете? – Еве начин како да дојдете до вистински животни одлуки: