Еден од основачите на филозофискиот и етичкиот правец наречен „утилитаризам“ е Џереми Бентам. Тој е познат по т.н „Бентамова таблица“ која му помага на човекот да донесе одлука со тоа што ќе ја намали болката и ќе приушти повеќе задоволство. Утилитаризмот, инаку е правец во кој доминантната максима е: „Најмногу среќа за најголем број на луѓе“.

Џереми Бентам е англиски филозоф познат како креатор на т.н. „Бентамова таблица“ која служи да човекот да се осигура дека ги носи вистинските одлуки кои му одат нему во полза.

Бентам веднаш ја увиде тешкотијата во користењето на утилитарната максима како основа за нормативен пристап кон донесување етички одлуки. Како може задоволството ефективно да се измери, а камоли да се рангира според квалитетот? Мерењето на задоволството, болката, среќата или тагата е неверојатно тешко и Бентам беше свесен за тоа. Тој предложи различни критериуми за проценка на задоволствата. Во еден есеј тој наведе седум критериуми според кои треба да се оцени задоволството произведено од некоја акција, имено:

степен (број на погодени лица)
времетраење (колку долго трае)
чистота (дали задоволството зависи од болка на некој начин?)
плодност (веројатност да се создадат понатамошни задоволства),
интензитет (колку е силна сензација)
близина / оддалеченост (колку е при рака)
сигурност (дали дефинитивно ќе биде на овој начин?)

Како да употребите „Бентамова таблица“ да измерите дали одлуката која ќе ја донесете ќе ве направи среќни?

-На пример сакате да започнете љубовна врска со некоја личност. Она што се става на мерење во „Бентамова таблица“ е љубовната врска. Прво мерите степен, односно лица кои ќе бидат погодени од таа љубовна врска и ќе бидат непосредно вклучени во неа. Вашето семејство, семејството на таа личност, пријатели и блиско опкружување.

Потоа мерите времетраење, односно претпоставувате колку врската ќе трае, иако сите ги започнуваме љубовните врски со претпоставка дека ќе траат до крајот на животот.

Трето, мерите дали вашата љубовна врска ќе ви донесе болка, вам, на личноста со која сте во љубовна врска или на луѓето кои се околу вас.

Четврто, мерите дали е возможно вашата љубовна врска да даде нови задоволства – како на пример формирање на семејство, потомство, заеднички живот или друг тип што вам ви е синоним а задоволство.

Потоа, мерите интензитет, односно преиспитувате дали „започнувањето на љубовна врска со некој/а“ навистина ви е силна желба.

Шесто, проценувате колку е тоа остварливо, односно дали е возможно да почнете љубовна врска со таа личност.

Седмо, правите проценка на извесност, односно согледувате дали некои од вашите одговори биле паушални, произволни, дадени со несигурност и сл.

На тој начин ќе разбработите цела органска шема на „задоволството“ и ќе видите колку всушност тоа задоволство ви е потребно и е навистина задоволство, а колку е само моментална заблуда и афект.

Многумина ги смениле своите одлуки откако го ставиле на тест своето задоволство во „Бентамова таблица“.