дома информација вест Најавен масовен протест против загадување од фабриката Пејпер Мил во Кочани

Најавен масовен протест против загадување од фабриката Пејпер Мил во Кочани

47
0

На 22 август (сабота), со почеток од 11 часот пред фабриката Пејпер Мил во Кочани, група граѓани ќе протестираат против загадувањето што го врши оваа фабрика.

Протестот ќе биде поддржан од невладинатата организација Green од истиот град.

„Денот кога ќе одлучиме дали сѐ уште ќе дозволуваме да не троват, преку вода воздух… Ако овде потклекнеме знајте дека ќе се појават уште многу фабрики како оваа. А ако покажеме единство тогаш и секој нареден проблем на овој град ќе го решаваме со леснотија.“

-истакна Ана Симонова активнист на GREEN на својот фејсбук профил

Протестите против загадување на животната средина стануваат се помасовни, а паралелно со овој се води и протест против рестартирање на рудникот во Иловица.

Овие протести го покажуваат растот на свесност за значењето на здрава животна околина за граѓаните.

Извор: Tribuna.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде