Масовни протести во Мадрид против задолжението за носење на заштитна маска

1227

Голем број демонстранти се собраа во главниот град на Шпанија во неделата за да го искажат своето противење за задолжителната употреба на маски за лице и други мерки наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Луѓето беа сликани како извикуваа пароли и држеа плакати во Плаза Колин во центарот на градот Мадрид кои беа директно спротиставување на мерките за заштита особено за задолжението за носење на маски.

Задолжителната употреба на маски за лице првично беше воведена во мај за оние кои патуваат со јавен превоз, а подоцна беше проширена и во остатокот од земјата.

Протестот доаѓа два дена откако владата воведе серија нови ограничувања, вклучително и забрана за пушење во јавноста.

Шпанија бележи пораст на нови инфекции од укинувањето на тримесечниот карантин кон крајот на јуни. Бројот на ресистрирани починати од КОВИД19 е повеќе од 28.600 лица.

Извор: BBC