дома информација вест Најава за воведување на построги рестрикции, не е исклучен и карантин

Најава за воведување на построги рестрикции, не е исклучен и карантин

727
0

Во поголем број на земји низ регионот се зголемуваат рестрикции кои се однесуваат на здравствена заштита од КОВИД19.

Пред неколку дена Србија воведе забрана за влез во земјата без негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, меѓудругите и за Македонија.

Деновиве се подготвува и нова платформа за зајакнување на рестриктивните мерки во Македонија кои треба да го спречат ширењето на епидемијата.

Помеѓу другите мерки, не е исклучено и повторно воведување на карантин и ограничување на движењето на луѓето.

Овие планови се оправдуваат со зголемување на бројот на нови заболени, излегување на епидемијата од контрола, но и здравствениот систем кој попушта.

Некои од експеритет предвидуваат уште „поцрно“ сценарио во есенскиот и зимскиот период од ова што го имаме моментално.