дома информација вест ЕУ ја предупредува Русија заради поддршката кон Лукрашенко

ЕУ ја предупредува Русија заради поддршката кон Лукрашенко

400
0

Лидерите на Европската унија, кои ќе имаат видео конференција во среда за најновите настани во Белорусија, ќе испратат порака до Русија да се држат настрана од поранешната советска република, изјави официјален претставник на блокот.

Излез од кризата е преку прекинување на насилството, деескалација, дијалог и без надворешно мешање – рече официјалниот претставник, алудирајќи на Русија.

Водачите на ЕУ ќе одржат вонреден состанок во среда на разговори околу најновата состојба во Белорусија особено поради протестите во Минск и други поголеми градови низ Белорусија што секојдневно се омасовуваат.

Конференцијата беше свикана денес од Чарлс Мишел, претседател на Европскиот совет откако во медиумите одекна вест дека Лукрашенко се обратил на Путин за поддршка.

Извор: Novosti.rs

претходниот член,Животот на мигрантите е помалку вреднуван од живот на животни
Следната статијаНајава за воведување на построги рестрикции, не е исклучен и карантин

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде