дома информација Европските држави забележуваат: Голем пад на црквена религиозност. Се откажуваат ли Европјаните...

Европските држави забележуваат: Голем пад на црквена религиозност. Се откажуваат ли Европјаните од Бога?

63
0

Иако членството во верската заедница во Хрватска е високо, други показатели сугерираат дека црковната религиозност опаѓа.

Повеќе од 50% од Хрватите одлучуваат да не склучуваат брак пред црквениот олтар, а тоа е еден од индикаторите за опаѓање на црквената религиозност.

Рекордни половина милион верници во Германија минатата година официјално ги напуштиле своите цркви.

Бидејќи Германците имаат систем на оданочување на своите верници, точниот број е исто така познат: 272.770 католици и 270.000 протестанти повеќе не плаќаат данок за своите цркви, и со тоа престанале да бидат нивни членови во овие институции.

-Студијата која ја спроведе професорот Роналд Инглехард, во 49 земји низ светот покажа опаѓање на црквената религиозност особено во државите во Европа.

Истото го сториле минатата година 68 000 Австријци и 56 000 Финци во нивните татковини. И пред еден месец, Роналд Инглехарт, професор на Универзитетот во Мичиген, објави обемна студија „Откажување од Бога: Глобален пад на религиозноста“ спроведена во 49 земји во светот.

Извор: Jutarnji.hr

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде