дома информација вест Словенија го укинува задолжението за носење на заштитни маски во училиштата и...

Словенија го укинува задолжението за носење на заштитни маски во училиштата и градинките

619
0

Во Словенија повеќе нема да биде задолжително носењето заштитни маски во градинките.

Учениците од основните и средните училишта, за време на нивните часови, како и наставниците кои предаваат на деца до трето одделение, исто така ќе бидат ослободени од ова правило.

Според владината одлука донесена синоќа, наставниот кадар во средните училишта и на факултетите нема да има обврска да носи заштитни маски, под услов да одржуваат предавања зад паравани.

Условно ќе биде и носењето заштитни маски кај наставниците кои предаваат на ученици од четвртто одделените и во повисоките одделенија во основните училишта, како и меѓу вработените во средните училишта, доколку не можат да одржат растојание од најмалку два метра.

Извор: Сител