Од оваа недела, грчките власти дозволија борделите да работат како дел од олеснување на мерките, но услов е секој клиент да има максимум петнаесет минути, пишува Би-Би-Си.

Грција забележува релативно мал број случаи на коронавирус. Според универзитетот Џон Хопкинс, потврдени се 3.148 случаи на инфекција и починале 185 лица, па владата веќе дозволи отворање на економијата и патувањата.

Од понеделник, борделите можат да работат, но под строги услови.

Посетите се ограничени на 15 минути по клиент, а маските се препорачуваат и за давателите на услугите и за клиентите.

Вратите и прозорците мора да бидат отворени за проветрување, плаќањата се дозволени само со кредитни картички, а борделите мора да чуваат список со клиенти со имиња и телефонски броеви во рок од четири недели, доколку надлежните органи треба да ги следат контактите.

Извор: kanal5.com.mk

претходниот член,Рекорден број на патници на ГП Табановце
Следната статијаКлиниките оптоварени, персоналот преморен, бројот на нови заразени секој ден се поголем

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде