Од оваа недела, грчките власти дозволија борделите да работат како дел од олеснување на мерките, но услов е секој клиент да има максимум петнаесет минути, пишува Би-Би-Си.

Грција забележува релативно мал број случаи на коронавирус. Според универзитетот Џон Хопкинс, потврдени се 3.148 случаи на инфекција и починале 185 лица, па владата веќе дозволи отворање на економијата и патувањата.

Од понеделник, борделите можат да работат, но под строги услови.

Посетите се ограничени на 15 минути по клиент, а маските се препорачуваат и за давателите на услугите и за клиентите.

Вратите и прозорците мора да бидат отворени за проветрување, плаќањата се дозволени само со кредитни картички, а борделите мора да чуваат список со клиенти со имиња и телефонски броеви во рок од четири недели, доколку надлежните органи треба да ги следат контактите.

Извор: kanal5.com.mk